„После срамната спогодба на „абазиското“ обвинителство со Иџет Мемети, ова криминализирано раководство издејствува уште една амнестија. Ова фијаско на фаулираниот правен систем е уште една потврда за вирусот на Ахмети инсталиран во правосудството со години, каде што нивните моќници изградија заштитен ѕид околу себе, спасувајќи се меѓусебно од правосудна одговорност.
Ова не е првпат кога ДУИ, предводена од Али Ахмети, интервенира за да ги спаси своите пријатели од затвор. Претходно, истата игра ја одиграа и за архитектот на маките на Албанците, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
ДУИ, партија која две децении го манипулира народот со ветувања за
реформи и европски интеграции, е убиецот на секоја надеж за правда и
подобра иднина.
Сите знаат за притисокот на Артан Груби врз претседателката на Врховниот суд за оживување на аболициите на Ѓорге Иванов, наводно за да изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за усвојување на уставните измени.
Време е граѓаните на оваа земја еднаш засекогаш да разберат: ДУИ никогаш не била за големиот европски сон, туку нејзин саботер. Тие се главните виновници за недостатокот на напредок и за оддалечувањето на Северна Македонија од европскиот пат. Наместо да се борат за правда и просперитет, тие се бореа само за да ги заштитат своите криминални кланови, без разлика на етничката припадност.
Ги повикуваме сите совесни граѓани да се обединат во нашата борба за почесна и потранспарентна иднина. Соочени со ова предавство на европските вредности, ние сме посветени на демонтирање на секој елемент од оваа распадната структура и изградба на држава заснована на закон, еднаквост и правда за сите“, се вели во соопштението на Вреди.