„ДУИ во целиот период додека управуваше со државата докажа дека го поддржува зголемувањето на платите на работниците, односно минималната плата.
За тоа сведочи и зголемувањето на минималната плата, особено во последните седум години, каде што имавме зголемување од над 100% на минималната плата и покрај тоа што се соочувавме со светската криза од ковид-19 и енергетската криза.
ДУИ секогаш во својата Програма еден од главните приоритети го има подигнувањето на животниот стандард на граѓаните.
Затоа, ДУИ без сомнение го поддржува барањето на ССМ, кои бараат приходите на работниците да бидат најмалку 450 евра, наместо досегашните 370 евра“, се вели во соопштението на ДУИ.