вторник, 26 ноември 2024

ДУИ: Меџити призна, тој во Чаир легализирал дивоградби, правосудните органи да постапат

Изет Меџити јавно на телевизија призна дека одлуките за легализација на објекти или згради ги носел тој сам како градоначалник на општината и со политички/коруптивни преференции, а не строго како што предвидуваат законските и подзаконските одредби, реагира ДУИ на изјавата на Меџити, поранешен градоначалник на Чаир, а сега еден од лидерите на коалицијата Вреди, дадена на ТВ21 во која тој кажа дека ја легализирал куќата во која живее министерот Бујар Османи, а која била дивоградба, како и дека половина зграда доградил Артан Груби.

Објавено на

часот

Сподели

Демократската унија за интеграција сопшти дека најостро го осудува обидот на Меџити да избега од одговорноста за сторениот криминал со легализацијата на објектите и зградите во Чаир, префрлувајќи ја вината на апсурден начин и без правна основа врз граѓаните на Чаир.

„Зошто, доколку знаел дека тешко го прекршува законот, решил да ги потпише актите за легализација на објектите што ги споменува заедно со над 30 колективни згради изградени по 2011 година и не ги презел потребните правни дејствија за нивно уривање.

Изет Меџити синоќа со своја уста го призна она што сите го знаат и она што медиумите го објавија, а тоа е дека тој самиот одлучувал за легализација на бесправно изградени објекти, а не законот!

Ги повикуваме правосудните органи да постапат според нивните овластувања по ова флагрантно признание на одговорноста.

Демократската унија за интеграција посочува дека никој не треба да биде над законот и дека назначените носители на јавни функции се апсолутно одговорни за неговото спроведување и во никој случај за неспроведувањето на законите не треба вината да се префрла на граѓаните“, се вели во соопштението на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ