среда, 23 октомври 2024

ДУИ и Вилијамс подготвуваат платформа за озаконување на принципот победник со победник

Aмериканецот Пол Вилијамс, еден од авторите на Рамковскиот договор, е ангажиран од ДУИ за дефинирање на законски или уставни измени за спроведување на т.н. Мајски договор, односно барањето на оваа партија за озаконување на принципот на коалицирање победник со победник.

Објавено на

часот

Сподели

ДУИ смета дека победникот на изборите во албанскиот политички кампус треба да биде единствениот избор за коалиција во власта на победничката партија на Македонците.

Вилијамс е ангажиран да подготви платформа за легитимитетот, зашто ВМРО-ДПМНЕ „или не го прочитала или Рамковниот договор го чита по свое“, изјави викендов Али Ахмети, лидерот на ДУИ кој најави дека од септември ќе почне спроведувањето на нивната стратегија. А таа подразбира и орагнизирање протести пред Собрание, пред Владата и пред други институции, активирање на предлог-законот за ветинг…

На собирот на сите партиски структури викендов во Гостивар, Ахмети кажа дека тие не се откажуваат од тоа дека легитимно е нивното барање да бидат дел од власта и дека за тоа ќе водат битка во секоја населба и институција. За нивното неучество во власта, Ахмети вели дека е кражба на легитимитетот.

Вилијамс е професор по право и меѓународни односи на американскиот универзитет во Вашингтон. Во биографијата на Википедија е запишано дека Вилијамс им помогнал на дваесетина држави и субјекти во големи меѓународни преговори за мир, изготвување на законодавство и планирање политики. Како што се наведува, тој учествувал како претставник во преговорите за Дејтонскиот договор (Босна и Херцеговина), Договорот од Рамбуе и преговорите во Париз (Косово), преговорите за Охридскиот договор (Македонија) и преговорите Подгорица – Белград. Исто така, се посочува дека Вилијамс советувал десетина влади и партии во Африка, Азија и Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ