понеделник, 25 ноември 2024

ДУИ до Мицкоски: Ние сме гарант на мирот, ние сме државотворна партија

ДУИ како државотворна партија е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата, се вели во реакцијата на ДУИ по вчерашните и денешните изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека токму ДУИ е закана за мирот и стабилноста, дека оваа партија подготвува есенска дестабилизација, со цел да си го заштити капиталот стекнат за време на 20-годишното владеење.

Објавено на

часот

Сподели

„Без да ги коментираме политичките спинови и блефови, сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и албанскиот народ во Северна Македонија. Ќе ги преземеме сите демократски мерки и средства за да го спречиме понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали.

Што се однесува до неоснованите обвинувања за прекршување на законот, уште еднаш ги повикуваме политичките партии на проверка на сите носители на јавни функции со меѓународна помош. Само така ќе престане блефирањето, ловот на вештерки и злоупотребата на борбата против корупцијата за политички цели“, соопшти ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ