Коалицијата од губитнички албански партии, наместо да одговараат за предавството, секојдневните лаги, катастрофалните неуспеси, сервилноста и неспособноста, продолжуваат без срам со клеветнички и неосновани соопштенија за да го покријат најголемото предавство кон албанскиот народ во историјата на оваа земја, се вели во реакцијата на ДУИ на денешното соопштение на коалицијата Вреди.
ДУИ: Бројни злоупотреби на функционерите од Вреди
Објавено на
часот
Сподели
„Сакаме да ја информираме јавноста за вистината околу партиите кои ги изгубија изборите и сега делуваат како вазали и слуги на интересите на другите за да го понижат албанскиот народ.
Отсекогаш ги браневме интересите на Албанците и промовиравме високи морални и етички вредности во политиката. За разлика од нас, лидерите на овие партии се синоним за корупција и предавство. Сите тие биле наши коалициски партнери или дел од нас, од првиот до последниот.
Фактите се јасни и јасно сведочат за нивните бројни злоупотреби на власта. Изет Меџити, познат по масовна корупција и добивање станови во секоја нелегална зграда во Чаир, незаконските градби и узурпации како и именувањето на своите роднини на раководни позиции во државните институции. Ова јасно покажува како непотизмот и корупцијата доминирале во неговите политики.
Арбен Таравари – шемите на корупција во времето кога беше градоначалник на Гостивар се познати на сите, но и како министер, вклучувајќи ја позитивната листа на лекови, апаратите и опремата, планираните паркинзи, како и секој друг тендер во здравството, вклучителни и ‘подарените’ куќи во Гостивар и Скопје. Тој манипулираше и присвојуваше јавни фондови за лични интереси, уништувајќи ја довербата на граѓаните на Гостивар и здравството во земјата.
Билал Касами – sè што тој допре, се поврзува со корупција. Проекти без буџет, плати кои не ги исплатил, работи без проекти и дозволи, рекетирање на бизнисите во Тетово, се само некои од неговите афери кои сведочат за неговата непрекината корупција.
Вреди е синоним за коруптивни коалиции и предавство на интересите на Албанците. Граѓаните треба да бидат свесни за вистината и да не потпаѓаат на нивните манипулации и клевети.
Остануваме посветена на борбата против секоја форма на корупција и на заштитата на интересите на граѓаните со транспарентност и интегритет.
Ние ќе продолжиме да работиме за праведно и чесно општество, заштитувајќи ги интересите на Албанците и градејќи подобра иднина за сите“, се вели во реакцијата на ДУИ.