понеделник, 25 ноември 2024
Реакција

ДУИ: Аргатите од Вреди испитуваат терен за да му ги „дадат“ на Мицкоски Струга и Кичево

Со скандалозна и неприфатлива клевета Вреди всушност го испитува теренот со цел да може на ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски оваа коалиција да му овозможи в година да ги добие градоначалничките места во Струга и Кичево, реагира ДУИ преку соопштение на прес-конференцијата на Фери Исени од Демократско движење – коалиција Вреди, кој рече дека „орлите од ДУИ се беа претвориле во канаринци“ и на Мицкоски му се нуделе да влезат во Владата со само четири министерски места и без претседател на Собранието, но и со понуда, како што рече Исени, да одработат на локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ да ги добие градоначалничките места во Струга и Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

„Вреди, срамните вазали на ВМРО-ДПМНЕ и избраници на Мицкоски, а отфрлени од Албанците, откако министерството за имплементација на Охридскиот договор им го предадоа на путиновиот Стоилковиќ и на ѕинго – Димовски и откако заменија сè албанско со македонско намалувајќи ја и правичната застапеност, веќе почнаа да го подготвуваат јавното мислење за да ги дадат Кичево и Струга.

Тука ги поминавте црвените линии и ќе се соочите со отпорот на народот и на секој Албанец. Ова е сериозно нарушување на достигнувањата и достоинството на Албанците и таквиот чекор нема да помине без силен одговор. Ќе останеме обединети и решени да ги заштитиме интересите и достоинството на албанскиот народ“, се вели во реакцијата на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ