сабота, 19 октомври 2024
Цел ден ѕвониме, но никој не крена за да добиеме информација

Духови ли работат на дежурните телефони во Водовод за 24-часовна поддршка на граѓаните?

Објавено на

часот

Сподели

Се обидовме и на бројот 02/3240-300, кој стои на официјалната веб-страница на претпријатието Водовод и канализација, но истото е и таму, телефонот си ѕвони, а одговор нема. 

Редакцијата на МКД.мк алармираше до службите преку други канали дека нема кој да крене на телефонските броеви и очекуваме официјално објаснување. 

Подолу во хартиените сметки на граѓаните стојат телефоните на Паркови и зеленило Скопје 02/3070-112 и Комунална хигиена Скопје 02/3118-525.

сметка

Свртевме и на овие броеви за да прашаме за нивните колеги, а овде пак, телефоните некаде пред 16 часот беа недостапни. 

Сѐ на сѐ, се чини дека овие броеви се само украс на парче хартија, а услугите за кои граѓаните плаќаат и кои треба да ги добијат се невидливи, исто како и духовите.

Во духови не веруваме, ама сакаме да веруваме дека оваа објава ќе допре до оние што се вработени на овие телефонски броеви и кои во иднина ќе се јават и ќе им ја дадат на граѓаните услугата за која плаќаат.

                                                                                                                                             К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ