среда, 23 октомври 2024

Државната агенција МИА четврти ден излезе на протест

Објавено на

часот

Сподели

Просечната плата во МИА, како што велат вработените, е далеку од просечната плата во државата, а таа во моментов изнесува 36.465 денари.

Од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) информираа дека безрезервно од самиот почеток ги поддржуваат барањата на вработените во МИА и нагласуваат дека тие се легитимни.

„Со оглед на најавата за седница на Владата денеска, и ветувањето дека ова барање може позитивно да се реши, чиниме дека е идеално време за затворање на ова прашање“, наведуваат од ССНМ. 

Потсетуваат дека МИА е мултимедијален медиум кој продуцира вести на три јазици, на македонски, албански и англиски јазик. МИА ја има најголемата дописничка мрежа и известува за сите настани во држвата, но и за случувањата во светот. Агенцијата има соработка како со регионалните, така и со светските медиуми со што нејзината улога е од огромно значење за целата земја и особено за медиумската сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ