вторник, 22 октомври 2024
Прослава на 31.роденден на Армијата

Државата се сака со дела, денеска ќе се види кој ја сака, а кој го блокира нејзиниот развој, рекоа Ковачевски и Петровска

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за одбрана Славјанка Петровска им додели чинови на унапредените старешини и посочи дека треба да им се искаже почит и благодарност на сите генерации на припадниците на АРМ, како и на оние кои учествувале во нејзиното создавање.

с

„Во животот не постојат пречки кои треба да не запрат, туку предизвици кои треба да се надминат. Покажавме дека сме достојни како нација, држава и како армија. Достојни наследници сме на жртвата на оние кои се бореа за идеалите. Ѝ помагаме на Украина не затоа што мораме, туку затоа што тоа е единствениот начин да бидеме на станата на историјата. Најважно е дека мирот и слободата не смееме да ги земеме здраво за готово, туку мора да сме подготвени. Затоа интензивно инвестираме во одбраната и во Армијата. Вистинските патриоти државата ја сакаат со дела, а не со зборови“, порача министерката Петровска.

с

Во деведесеттите години воениот рок беше задолжителен. Во 2001 се случи воениот конфликт, а АРМ почна со трансформација според НАТО стандардите за нејзина професионална стандардизација, нагласи министерката и додаде дека македонската војска рамноправно стои рамо до рамо со другите армии на Алијансата.

Како членка на НАТО, Армијата учествува во акции за мир низ светот. Владата е посветена на сите активности на Армијата ѝ и дава поддршка. Нашата војска направи видливи резултати и огромни чекори под водство на Владата на СДСМ. Го унапредивме статустот на војниците и нивната материјална положба, зголемувајќи ги платите и додатоците за станарина, како и за отпремнина по навршувањето на 45 години старот во износ до 25 илјади евра“, рече Ковачевски.

с

Тој нагласи дека тој како премиер се заложил Армијата да биде уште поефикасна во својата организираност и активност, со цел да се подигне нивото на одбранбена способност и да се подигне угледот на војската.

„Ги зголемивме средствата за модернизација на армискарта структура со 35 проценти од буџетот за армијата. Поголем е буџетот за 24 проценти што е во согласност со обврските пред НАТО. Идната година издвојувењето за одбраната ќе биде 2 проценти од БДП. Ова е генерациска трансформација која долгорочно ќе ја зајакне Армијата и ќе даде придонес за НАТО во насока на регионалната безбедност. Армијата бара подготвеност, високо професионално ниво, затоа ја има поддршката од граѓаните. Војската им помага на граѓаните во време на природни катастрофи, кај нас со пожари и поплави, но и во други земји помага. Затоа има почит и кај другите народи во светот“, рече Ковачевски.

Државата е над се, затоа мора да бидеме цврсти во поддршката на секој сегмент, оттука и на војската, рече Ковачевски и нагласи дека главната цел во моментов е членство во ЕУ:

„Ќе продолжиме да носиме храбри одлуки. Никој нема право државата да ја оневозможува на тој европски пат. Нашата цел е стандарот и квалитетот на животот на граѓаните. Не се важни функциониерите. Денеска ќе се види кој е за ЕУ, а кој е за да ја блокира граѓаните. Додека сум премиер бескомпромисно ќе се залагам за да создадеме европска иднина. Да живее Македонија“, рече Коачевски.

                                                                                                         К.Д. – П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ