понеделник, 22 јули 2024

Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании

Објавено на

часот

Сподели

„Со донесениот закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии и трезорот на Фондот за здравствено осигурување се должни да ги поднесат барањата за плаќање на достасаните фактури кон економските оператори до трезорот на Министерството за финансии и до трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како и роковите во кои Министерството за финансии, односно Фондот за здравствено осигурување ќе ја вршат исплатата на средствата на кои гласат доставените фактури“, се наведува во соопштениетоод Министерството за финансии.

Скратување за 30 дена, како што е посочено во соопштението, има и на плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои сега се  90 дена. Со предложените измени се предлага од обврски на овие субјекти да се плаќаат за 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година за 60 дена.

Со законските измени рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор се сведува на 30 дена. Односно предвидено е постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена.

„На ваков начин се создава предвидливост за компаниите и се подржува ликвидноста на стопанството. Тоа особено е значајно за компаниите во услови на економска криза“, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Измените претставуваат усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ на Европскиот парламент  и на Советот  од 16 февруари 2011 година  за сузбивање на задоцнето плаќање при трговски трансакции, каде роковите за измирување на обврските на субјектите од јавниот сектор се 30 дена, а во здравствениот сектор се 60 дена.

Законот за финансиска дисциплина кој се применуваше досега е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ