петок, 25 октомври 2024

Друштвото на словенечки и македонски стопанственици отвори сметка за помош на настраданите во Словенија

Објавено на

часот

Сподели

„Многупати во минатото нашите две земји меѓусебно се помагале и поддржувале. Сите се сеќаваме на неодамнешните пожари кои беснееа кај нас, а во чие гаснење се вклучија бројни доброволци од Словенија. Во овие моменти треба да ја покажеме нашата солидарност како народ, стопанство и држава. За таа цел, во согласност со барањата на Владата на Република Словенија за помош, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици отвори наменска хуманитарна сметка во НЛБ Банка“, соопштија од друштвото.

Оттаму информираа дека сите донации кои ќе бидат примени на оваа сметка ќе бидат префрлени на соодветните служби и организации во Словенија кои се активни на терен во рамки на тамошната цивилна заштита.

Сите граѓани и фирми ќе можат да донираат на сметка во НЛБ Банка, број на с-ка: 210-0759929302-64, банка: НЛБ Банка, назив на примач – Словенечки имакедонски стопанственици СИЗ Скопје – наменска хуманитарна сметка, шифра на плаќање: 560 – Уплати засолидарни и хуманитарни цели, цел на дознака: Донација за поплавите во Словенија.

Словенија во изминатите неколку дена се соочува со последиците од најголемата природна катастрофа во нејзината понова историја. Голем дел од нејзината територија беше засегната од поројните дождови и невремиња кои резултираа со обилни поплави и свлечишта. Голем број граѓани ги изгубија своите домови, а инфраструктурата на земјата е сериозно оштетена. Штетите предизвикани од поплавите се проценуваат на неколку милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ