петок, 18 октомври 2024

Дражен Петровиќ – чудото од Шибеник (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, сè уште се свежи сеќавањата на неговите мајстории, кои како магија ги опиваа вљубениците во кошаркарскиот спорт низ целиот свет. Македонските љубители на кошарката сè уште се сеќаваат на неговите гостувања во „Јане Сандански“ и во „Градски парк“ како играч на Цибона, но и како репрезентативец на некогашна СФР Југославија. Тешко дека во скоро време може да се случи таква еуфорија каква што владееше кога во Скопје гостуваше загрепскиот тим предводен од големиот Дражен, макар тој сите 40 минути ги преседел на клупата.

Речиси две децении по неговата трагична смрт, тој сè уште е кошаркарски феномен каков долго време ќе нема. За неговиот живот и кариера се снимени илјадници емисии и филмови.

Во прилог на овој текст е и еден од најдобрите документарни филмови направен за животот на кошаркарскиот Моцарт. Уживајте во неговото гледање.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=jmFIBqdEhks]

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ