недела, 20 октомври 2024

Драматични снимки од катастрофалниот пожар на Хаваите, град изгоре до темел, 36 мртви (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Огнената стихија уништи голем дел од Лахаина на Мауи, туристички и економски центар дом на околу 13.000 луѓе. Стотици семејства се раселени. Неколку илјади луѓе се евакуирани од островот.

Брајан Шац, американски сенатор од Хаваи, објави на социјалните мрежи дека Лахаина е „речиси целосно изгорена“. Лахаина е историски град во западен стил на островот Мауи. Центарот на тој град е создаден на почетокот на 18 век и е наведен во Американскиот национален регистар на историски места.

Даниел Саливан е фотограф кој живее во Лахаина, Мауи. Зборувајќи за Би-би-си, тој рече дека имале „три различни пожари околу куќата“. „Поминав 48 часа без сон, синоќа бев на покривот и го гледав пламенот“.

„Денеска немаме вода – водата е искористена за гаснење на пожарот. Ветровито е и пожарите повторно се разгореа. Синоќа пламенот беше толку голем огромни дрвја експлодираа толку блиску што беше страшно. Ја спакувавме колата, но проблем беа паднатите дрвја околу куќата, а патиштата кои беа отворени гореа и не можеше да се помине преку нив. Историскиот град Лахаина изгоре до темел. Сите беа дрвени конструкции стари 200 години, изградени една до друга“.

Сем Спенглер, известувач за КХОН2 њуз на Хаваи, вчера прелета над градот Лахаина со хеликоптер изнајмен од неговата телевизиска станица.

„Од хеликоптерот можев да видам дека многу куќи во градот се целосно срамнети со земја. Проценуваме дека околу 270 објекти се уништени или оштетени. Изгледа како да експлодирала бомба“.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ