Како што објавија медиумите поворката со автомобили што вообичаено го придружува Лукашенко пристигнала во болницата околу 19 часот. За тоа време приодот кон болницата бил затворен, а сите околни улици биле под надзор на вооружени стражари, објави Јутарњи лист.
Лукашенко последен пат се појави во јавноста на 9 мај, кога присуствуваше на парадата за Денот на победата во Москва заедно со рускиот претседател Владимир Путин. Тогаш сите коментираа дека претседателот на Белорусија изгледа прилично слабо. За разлика од другите лидери кои беа на прославата, Лукашенко мораше да се вози дури и на кратки патеки. Поради слабост, тој го пропуштил и официјалниот ручек со Путин.
Ројтерс објави дека Лукашенко изгледал „уморно“ и „нервозно тропа со нозете“, има видлив завој на десната рака и дека генерално се чинеше дека не е добро.
Подоцна истиот ден Лукашенко присуствуваше на прославата на Денот на победата во Минск. Но, тој ја прекина традицијата и наместо војничка униформа облече костум и не одржа говор. Во последните две недели присуствуваше на малку настани.