четврток, 24 октомври 2024

Драма со цивилен авион на хрватското небо, биле испратени борбени авиони

На небото над Хрватска се случувала драма кога цивилен авион пајпер ПА-24 во неделата околу 10:50 навлегол во хрватскиот воздушен простор. Авионот не одговарал на повиците на контролата на летови ни по десетина повторени барања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во пресретнување на едномоторниот авион биле испратени два авиони ловци од 191-та ескадрила, кои го пресретнале авионот, објави Авио-радар.

Инцидентот го потврди и Хрватската контрола за воздушен сообраќај.

Според неофицијалните информации на Авио-радар, радио-станицата на цивилниот авион била наместена на погрешен канал, поради што не било можно да се воспостави комуникација со екипажот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ