Германски и шведски авиони беа распоредени во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море поради присуството на руски борбени авиони кај брегот на Летонија, кои првично беа неидентификувани, пишува Билд.
Два германски борбени авиони Еурофајтер и два шведски авиони полетале како мерка на претпазливост за да воспостават контакт со руските пилоти додека летале кон Летонија. Наводно, руски авиони летале како дел од вежби во кои учествуваат руски бродови.
Gemeinsam mit #Nato-Partner #Schweden stiegen heute zwei deutsche #Eurofighter der Nato-Mission #VAPB zu einem Alpha Scramble auf. Zwei russische SU-30 wurde identifiziert. Die Piloten der Su verhielten sich unkooperativ aber nicht aggressiv . #QRA Together we are strong pic.twitter.com/wAukFkelxg
— Team Luftwaffe (@Team_Luftwaffe) August 3, 2024
Според портпаролот на германското воено воздухопловство, транспондерите на руските авиони биле исклучени, а пилотите не одговарале на радио повиците.
Згора на тоа, планот за летање на авионот не бил објавен однапред, како што е вообичаено во регионот на Балтичкото Море.
Претходно беше објавено дека два стратешки бомбардери Б-52Х на американското воено воздухопловство пристигнале во Романија и за прв пат ќе бидат распоредени од таа земја.
Во јули, фински и шведски пилоти пресретнаа руски борбени авиони над Балтичкото Море.