Како што информираат од театарот, претставата која неодамна беше изведена на фестивалот ДАФ во Кочани, каде освои три награди, спаѓа во жанрот крими-комедија и е спој од две едночинки, експериментално поставени во една целина.
Улогите ги толкуваат Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Тамара Стојановска, Никола Димевски, Давид Димоски и Михаил Митевски.
Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во склоп на Домот на култура ,,Димитар Влахов”, а картите можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата, по цена од 150 денари.