четврток, 31 октомври 2024

ДПСМ прослави 32 години

Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) синоќа го прослави 32 роденден, на кој покрај лидерот на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ и членовите на ДПСМ, присуствуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кандидатката за претседател на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, поттпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, лидерот на Социјалистичката партија на Македонија Љупчо Димовски и стотици други членови на коалицијата За подобра Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Мост наречен рака во рака! Како би изгледал светот без мостови? И не е важно од што се направени, колку се, каде се и од кога се, од обичен трупец до некои брзаци и сè до тие мостови чудовишта што ги градат Кинезите, бездните што тие ги поврзуваат би биле бездни во кои човечката цивилизација дефинитивно би пропаднала. Не помалку важни, ако не и поважни, се мостовите што луѓето ги градат меѓу себе. Само без нив човештвото би било обична менажерија во која не би се знаело кој по кого р’жи, а кој кого гризе. Мостот наречен ‘рака за рака’ е често поскапоцен и поважен од било што друго. Затоа што некои ги обединува далечината, а некои ги дели близината и не се работи за километри, туку за луѓе. Заедно со народот ја прославивме 32-годишнината од Демократската партија на Србите во Македонија. Ви благодариме што ја направивте нашата прослава одлична“, напиша на својот фејсбук-профил лидерот на ДПСМ Иван Стоилковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ