четврток, 24 октомври 2024

Документи на ОН и сателитски снимки потврдуваат дека Израел пукал во конвој со храна (ФОТО)

Ново истражување покажа дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) на 5 февруари пукале во конвој на Обединетите нации кој превезувал храна за бегалците во Газа.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Си-ен-ен имал пристап до кореспонденција на ОН и израелската војска која потврдува дека двете страни се сложиле околу рутата по која ќе проаѓа конвојот. Според извештајот на хуманитарната агенција на ОН за палестинските бегалци УНРВА, камионот бил едно од десет возила кои стоеле на пункт чуван од ИДФ. На возилото бил испукан проектил, а на целиот конвој потоа му бил забранет премин во северот на енклавата.

Никој не бил повреден, но храната во возилото била уништена. Главно станувало збор за брашно. ИДФ на 5 февруари  кажа дека го истражува инцидентот но го одбиле барањето на Си-ен-ен повторно да го коментираат нападот.

По тој инцидент, УНРВА реши да престане да доставува храна во северна Газа. Последен пат доставиле храна на 23 јануари. ОН проценува дека во северна Газа живеат 300.000, од кои некои умираат од глад.

Си-ен-ен со преглед на сателитски снимки направени два часа по инцидентот утврдил дека неколку километри од брегот се наоѓале три израелски брода од кои најверојатно бил испукан проектилот. ИДФ тврди дека тие бродови ја надгледуваат Газа и ја напаѓаат од запад.

„Тешко е да се сфати како тоа може да биде легален напад“, вели Џанина Дил од Институтот за етика, право и оружени конфликти на Универзитетот Оксфорд. „Во најмала рака, тоа е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право. Дали станува збор за криминален чин, зависи од намерата, а тоа треба да биде утврдено на суд“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ