недела, 27 октомври 2024

Додик: Со резолуцијата за Сребреница е потпишан крајот на БиХ, во четврток ќе предложиме мирно разделување (ВИДЕО)

Претседателот на Република Српска Милорад Додик кажа дека со одлуката за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации е потпишан крајот на Босна и Херцеговина и најави дека утре од седницата на владата на РС во Сребреница на федералната страна ќе ѝ биде предложено мирно разделување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Дали сето тоа ќе биде забрзано или во некое догледно време тоа е прашање на процесот. Ние бираме мирно разделување и тоа ќе го предложиме утре од седницата на владата во Сребреница. Ќе ѝ предложиме на федералната страна“, кажа Додик.

Тој истакна дека Република Српска и Федерацијата БиХ се договорни страни на Дејтонскиот договор, а со тоа и на уставот на БиХ.

Наведе дека станува збор за опсежна злонамерна интервенција од меѓународната заедница, меѓународниот фактор.

„Акцентот на сè го фрли функционирањето на заедничките институции кое тие повторно со своето спонзорство го уриваа инкогнито за да предложат и обезбедат поддршка од Германија. Во тој поглед не ги известуваат органите на БиХ. Органите на БиХ кои тие така ги форсираат да функционираат не донесоа никаква одлука“, наведе Додик.

Додик наведе дека очигледен пример каде, како што кажа, еден амбасадор на Обединетите нации е поддржат од страна на бошњачкиот член на Претседателството на БиХ.

„Сето тоа е срамно и тоа многу добро го знаат Американците, Британците, Германците и сите останати кои тука се мешаат, веројатно калкулирајќи дека тоа е потребно да се направи бидејќи Србите неколку дена ќе се бунат, а потоа ќе се смират“, заклучи претседателот на Република Српска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ