четврток, 24 октомври 2024

Додик: Мешањето на амбасадата на САД во политичките процеси во БиХ е во најмала рака безобразно

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека американската амбасада во Босна и Херцеговина нема право да дава оценки за интегритетот на изборниот процес и истакна дека неговата партија Сојуз на независни социјалдемократи останува на договорот кој коалициските партнери во Федерацијата БиХ го постигнаа на 18 јануари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не знам со кое право американската амбасада дава оценки за интегритетот на изборниот процес во БиХ. Сè додека не кажете дали постои пратенички клуб на (амбасадорот на САД) Мајкл Марфи со кој треба да се договараме за нашите закони, мешањето во политичките процеси и договори во БиХ е во најмала рака безобразно“, наведе Додик на социјалната мрежа Икс.

Тој истакна дека амбасада на САД со соопштението испраќа недвосмислена порака: „Ние сакаме тука да се прашуваме и да одлучуваме. Нема што претставниците на трите народи да се договараат, ќе биде како што ние ќе кажеме. Изборите не се прилика Србите, Бошњаците и Хрватите да изберат претставници кои ќе работат за нивните интереси, туку кои ќе ни служат нам“.

На состанокот на 18 јануари СНСД, ХДЗ БиХ и три бошњачки партии се договорија да предложат измена на изборниот закон, а најважната промена се однесува на изборот на хрватскиот член на Претседателството на БиХ.

Американската амбасада во Сараево потоа порача дека изборниот закон не може да се менува, ако пред тоа не се смени уставот, а денес соопшти дека предложените измени не го зголемуваат интегритетот на изборниот процес и оставаат простор за кражба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ