четврток, 24 октомври 2024

Додик: И Германците знаат дека Република Српска ќе биде независна држава

Претседателот на Република Српска Милорад Додик кажа дека странците знаат дека Република Српска ќе биде независна држава и истакна дека тоа му го кажал и специјалниот претставник на германската влада за Балканот Мануел Сарацин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сарацин на состанокот многу сериозно ми кажа дека знае дека Република Српска еден ден ќе биде независна држава, но дека неговата улога е до тогаш да ни го загорчи животот“, кажа Додик.

Оцени дека странците го препознале како синоним за сериозна политика која истрајува и не се менува во својата суштинска цел.

„Суштинската цел е – дајте ни го Дејтонскиот договор во она што е наше право и обврска. Ако тоа не ни го дадете, тогаш е сосема логично ние да се браниме од сето тоа, а нашата одбрана е – дајте ни тогаш мирно разделување бидејќи не сакаме да ја трпиме вашата диктатура и не ја сакаме таа ваша централна, унитарна Босна“, кажа Додик.

Странците, истакна тој, сакаат да го уништат Дејтонскиот договор и да го грабнат имотот на РС.

„Затоа и скока опозицијата, бидејќи треба да обезбеди имотот да се префрли на Сараево и во Сараево да се одлучува на кого ќе му се даде правото да ги експлоатира рудите“, кажа Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ