четврток, 24 октомври 2024

Доделена главната награда опел корса од наградната игра Телеком наградува

Шаќир Брахими од Скопје е добитник на автомобилот опел корса (Opel Corsa), главната награда од наградната игра на Македонски телеком „Телеком наградува“. Шаќир е припејд корисник на Македонски телеком и денес ги доби клучевите од својот нов автомобил.

Објавено на

часот

Сподели

Во наградната игра којашто траеше од 22 ноември 2023 до 10 јануари 2024 учествуваа над 50.000 припејд и приватни постпејд корисници. Со бесплатно регистрирање преку апликацијата Телеком МК за секоја регистрација учесниците добиваа 5 ГБ мобилен интернет. За секоја регистрација преку Магента моментс (Magenta Moments) добиваа 500 Magenta Moments срца, коишто можат да ги искористат за активирање поволности од нашите партнери.

Освен главната награда, опел корса, Македонски Телеком доделуваше и по еден T Phone смартфон дневно, со што вкупно се доделени 50 TPhone смартфони.
Сите добитници се објавени на веб-страницата на Македонски телеком.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ