четврток, 24 октомври 2024

Додека дел од граѓаните протестираат, надлежните експроприирале повеќе од половината на земјиштето долж коридорите 8 и 10д

Целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот, објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП покажува активности на изведувачот за експропријација, геотехнички истражувања  и други претходни активности и спецификации за предвидените автопатски делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

Исто така, во Извештајот се прикажани и финансиските трансакции помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државните патишта во рамките на Програмата за финансирање на патната инфраструктура, односно исплатите што завршуваат кај изведувачот на работите, конзцорциумот Бехтел и Енка.

Во ноември 2023 била реализирана една трансакција во износ од 223.596.680 денари. Во декември истата година пак, имало исплати во четири наврати. На 5 декември се исплатени 245.606.294 денари, на 28 декември две исплати од 669.225.176, односно 261.862.793 денари,  а на крајот на 2023 година, на 29 декември 1.695.871.044 денари.

Со Програмата за финансирање на патната инфраструктура за овој проект лани беа предвидени 15 милијарди денари, а за годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски има 15,1 милијарда денари.

Договорот со изведувачот американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка беше потпишан во март минатата година кој сѐ уште го пратат бројни контроверзи.

Жители од селата Горна и Долна Бањица неколку пати го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата Бехтел и Енка кои работат на трасата на Коридор 8 да дојдат до своите работни места. Блокадата на патот беа во знак на револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата на земјиштата во овие две села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ