Пресретнувајќи ги потребите на клиентите, Прокредит Банка за прв пат на нашиот пазар воведува бенефит за физички лица кои користат интернационални трансфери. Така, сите нови клиенти кои ќе отворат сметка во Прокредит банка до крајот на месец август добиваат неограничени бесплатни приливи од странство до крајот на годината. Прокредит банка ќе ги обработува девизните приливи од странство без провизија, без разлика од која банка од странство истите се испратени.
Понудата овозможува дополнителна заштеда на трошоци и е посебно атрактивна за сите македонски државјани кои живеат и работат во странство и често имаат потреба од трансфер на средства на лесен, безбеден и исплатлив начин, како и сите фриленсери кои имаат редовни месечни примања по основ на приливи од странство.
Една од поволностите е тоа што средствата се достапни веднаш на сметката на клиентите, како резултат на автоматизираниот процес на распределба на приливите. Новите клиенти исто така можат да ја користат и предноста на банкоматите во 24/7 зоните кои нудат единствена можност за повлекување и дополнување евра директно на банкомат, достапни во секое време.
Имајќи ја предвид специфичноста на трансакциите со странство, Прокредит Банка обезбедува и поддршка и високо-професионална услуга од лични банкарски советници кои можат да одговорат на сите барања поврзани со овие трансакции, покривајќи ги законските регулативи и потребната документација за да се обезбеди усогласеност и непречен процес.
Покрај бесплатни девизни приливи, дополнителна можност за заштеда е и активната промотивна понуда на Прокредит Банка за Орочен депозит со атрактивни фиксни каматни стапки од 3,6% за денари и 2,5% за евра со рок на доспевање од само 13 месеци.
Прокредит Банка е препознатлива по своите современи дигитални банкарски услуги, па така и аплицирањето за промотивните услуги може да се направи брзо и лесно, целосно онлајн на веб страницата на банката.
Искористете ја промотивната понуда за отворање сметка со бесплатни приливи од странство и аплицирајте на следниот линк: ProCredit Bank – Основен пакет (pcb.mk)
Комерцијален текст