среда, 23 октомври 2024

Дмитро Кулеба во посета на Кина, бара решенија за завршување на војната

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба е во посета на Кина, каде има намера да разговара за тоа како земјата би можела да придонесе за завршување на војната со Русија, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа ќе биде прва посета на украински функционер на Кина од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година.

Главна тема на разговорот ќе биде „како да се потисне руската агресија и можната улога на Кина во постигнувањето стабилен и праведен мир“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Киев.

Кина се претставува себеси како неутрална страна во војната, но нејзиното продлабочено партнерство „без ограничувања“ со Русија ги наведе членките на НАТО да ја прогласат за „одлучувачки двигател“ на инвазијата, што Пекинг не го осуди.

САД и Европа ја обвинуваат Кина дека испраќа оружје и опрема што се користат за одржување на руското воено производство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ