понеделник, 25 ноември 2024

ДКСК: Судскиот совет и СЈО да ги повлечат одлуките за назначување на членови на Надзорен одбор во АСЈО

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители (СЈО) да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача денеска Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО. ДКСК на денешната седница одлучи да ја запре постапката за судир на интереси за претседателка на Врховен суд, Беса Адеми и на Републичкиот јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, како членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смеат да вршат функции во органи на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалби на кандидатите за судии и јавни обвинители. ДКСК согласно член 40 од деловникот предлага да побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки за надминување на начин што пред отпочнување на мандатот членови на АСЈО, а најдоцна до истекот на мандатот на сегашните членови на АСЈО, ќе ги стават вон сила своите одлуки кои се спротивни на Закон за судир на интереси и Закон за АСЈО, порачаа од Комисијата на денешната седница.

ДКСК на денешната седница одлучи да ја запре постапката за судир на интереси за претседателка на Врховен суд, Беса Адеми и на Републичкиот јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, како членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

ДКСК утврди дека претставката не е основана бидејќи тие се членови на АСЈО согласно исклучокот од забрана за членство во управни и надзорни одбори.

„ДКСК оцени дека во конкретниот случај, при назначувањето на членови на Управениот одбор е постапено согласно законската можност за исклучок од забраната за членство во управни и надзорни одбори. Не постои акумулација на функции спротивна на закон и не се основани наводите за злоупотреба на буџетски средства, се запира постапката“, одлучи ДКСК.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ