четврток, 24 октомври 2024

ДКСК ќе поднесе кривична пријава против Мерко, се сомнева дека незаконски назначил в.д. директорка на училиште во Струга

Објавено на

часот

Сподели

По пријава на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), ДКСК денеска одлучи да поднесе иницијатива до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување. ДКСК се сомнева дека Мерко на незаконски начин на два пати назначил вршител на должност (в.д.) директорка на основно училиште во Струга која немала завршено високо образование ниту го имала потребното работно искуство.

„Градоначалникот на општина струга спротивно на законот на два пати ја назначил за в.д. директорка наставничката по англиски јазик иако таа не ги исполнувала условите за тоа. Дополнително тој не го задолжил училишниот одбор да донесе одлука за објавување на јавен повик за избор на директор на училиштето“, рече Шемси Салаи, известител за овој предмет.

Комисијата предложи и кривично да се гонат и в.д. директорката како и уште неколку други вработени кои и помогнале да фалсификува документи кои и биле потребни за изборот на функцијата директор.

„Пријавената в.д. директорка предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование. Имала 4 години и осум месеци работно искуство што не е доволно за да биде назначена за директор. Дополнително во тоа време таа немала уверение за положен испит за директор,а училишниот одбор не донел одлука за распишување на јавен повик. Сето тоа го направила со фалсификувани службени исправи. Во исто време директорката сама на себе со анекс договор си го зголемила фондот на часови што е спротивно на законот. Во тоа и помагале поранешни директори. Со тоа тие ја злоупотребиле службената положба и фалсификувале слижбени исправи“, рече Салаи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ