среда, 23 октомври 2024

ДКСК ја започна постапката за утврдување на потеклото на имотот на Јанушев

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оформила предмет и во тек е постапка за утврдување на вистинитоста и точноста на податоците искажани во анкетниот лист за имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, информира претседателката на ДКСК Татјана Димитровска по завршувањето на денешната 8-ма седница на комисијата.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Побарани се податоци и по нивното обезбедување од сите институции до кои е доставено барањето ќе ја изанализираме состојбата и ќе донесеме одлука на јавна седница“, рече Димитровска во одговор на новинарско прашање.

Членот на ДКСК Зоран Богоевски, пак, истакна дека Државната комисија по сопствена иницијатива отворила предмет за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД.

„По неа се постапува. На 16 јули доставено е барање за обезбедување на потребната документација до генералниот секретар на Владата. Согласно доставницата барањето е примено на 23 јули од страна на генералниот секретар и очекуваме достава на документација по чие добивање ќе го разгледаме предметот и во најбрзо време ќе биде донесена одлука на седница на ДКСК“, рече Богоевски.

Членката на Антикорупциската комисија, Софија Спасова Медарска информираше дека во врска со случајот за назначувањето на директорката на Агенцијата за разузнавање досега ја добиле само документцијата од кабинетот на претседателката Гордана Сиљновска Давкова, а се чека на одговор на барњето и од Агенцијата за разузнавање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ