среда, 30 октомври 2024

Директор на МЖ-инфрастуктура е Кошутиќ од партијата на вицепремиерот Стоилковиќ

Демократската партија на Србите во Македонија на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ добива уште една клучна позиција во третиот ешалон на власта. Дејан Кошутиќ е новиот директор на Македонски железници-транспорт.

Објавено на

часот

Сподели

Кошутиќ е поранешен заменик министер за транспорт и врски, тој учествуваше во креирањето на законската регулатива за трансформација на железници. На позицијата доаѓа како добар познавач на состојбите во железницата, како и со познавање на клучните проблеми со кои се соочува претпријатието.

„Доделувањето на раководна позиција на вака стратешка институција, доволно говори за кадрите кои може да ги понуди Стоилковиќ. Неговите кадри имаат капацитет, односно потенцијал што ќе може успешно да одговори на предизвикот во водењето на институциите. Вицепремиерот нуди стручен кадар со конкретна, реална и остварлива цел која е во интерес на граѓаните, за нивен подобар животен стандард и просперитет на бизнис заедницата“, велат од Демократската партија на Србите во Македонија.

Кошутиќ има шанса да ја промени состојбата во Железница, со што ќе овозможи отворање на пазари за нови инвестиции, нова соработка како меѓу домашните, така и со меѓународните компании, како и помалку трошоци за транспорт, што е многу важно за стопанството, но и за економски напредок на земјата.

„Како политичар Иван Стоилковиќ има интегритет и етика во своето делување, тој нема ниту обврски, ниту релации со поединци или институции што би му ги врзувале рацете до степен да биде професионален. Поинаку не може да делуваат ниту неговите кадри, освен да работат ефикасно, квалитетно и законски“, велат од партијата на вицепремиерот Стоилковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ