среда, 23 октомври 2024

Димитриевски: Науката има своја генеза и континуитет и не смее да се политизира

Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет. Идеите и обидите на Вреди се резултат на постизборен популизам, вели во писмената изјава претседателот ЗНАМ, Максим Димитриевски во однос на иницијативата на коалицијтата Вреди за формирање Академија на науките и уметностите.

Објавено на

часот

Сподели

Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.
„Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки“, вели во писмената изјава претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ