Министерката посочи дека и покрај тоа што СДС го уништиле ЕСМ и им служело како основ за да може да ги наполнат сопствените џебови, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е пример за домаќинско работење и коректор на лошите политики од минатото.
„И за сметка на тоа што ЕСМ го уништувавте и крадевте, напротив, сега имаме многу подомаќинско работење и тие проекти ќе одат од таму, тие не се дел од буџетот, требало да ви кажат дека не влегуваат во буџетот, тоа се акционерски друштва кои немаат врска со буџетот. А во однос на квалитетот на воздух, да не се грижите. Министерството за животна средина има уште еден цел буџет во делот на сопствени приходи и тоа се прави со проширување на буџет во тековна година“, рече Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека веќе се предвидени доволно средства за реализација на серија активности. Димитриеска Кочоска особено го истакна и делот на исплатата и пресметката во однос на активните и пасивните часови којашто се вршела кон докторите. Таа напомена дека ваквиот случај е предмет на ревизија кој дополнително ќе се разгледува и дискутира.
„Ќе има проекти, ќе се прошируваат и има доволно средства за реализација на истото. А во однос на платите на докторите она што регуларно сте го направиле е неспорно. Но, во однос на активните и пасивните часови и начинот на пресметка тоа е предмет на ревизија исто така што ќе се дискутира“, заклучи Димитриеска Кочоска.