„ На состаноците истакнавме дека фискална консолидација не можеме да направиме преку ноќ и дека за тоа е потребно време. Најважно е дека покажуваме желба којашто може да се види од Фискаланата стратегија. којашто е усогласена и предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 4 проценти за 2025 година. Тоа е она што е најважно“, нагласила министерката соопштуваат од Министерството за финансии.
Таа потенцирала дека особено радува фактот што на состаноците е забележано оти и таа како министерка за финансии и новата Влада максимално вложуваат напори да ги подобрат резултатите на државата, како и тоа дека максималните напори што ги вложуваат се препознаени од страна на претставниците на меѓународните финансиски институции.
Димитриеска-Кочоска изразила уверување дека престои одлична соработка во наредниот период и вложување напори во водење политика со постепена фискална консолидиција, внимателно трошење на буџетските средства и истовремено преземање мерки за борба со сивата економија.
Министерката за финансии учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон, каде што имала и состаноци со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.