среда, 23 октомври 2024

ДИК останува без еден член, Стојановски избран за заменик генерален секретар на Собранието

Бобан Стојановски, член на Државната изборна комисија (ДИК) денеска беше избран за заменик генерален секретар на Собранието. Пратениците денеска одлучија и на поранешните министри за финансии, за економија и за правда Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога ќе добијат едногодишен надоместок од државата по завршување на функциите.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Изгласани беа и барањата за закупнина на стан на пратениците Даниела Христова, Грација Бакраческа, Јован Јаулески и Јованка Тренчевска.

Комисијата денеска не го формираше Комитетот за односи меѓу заедниците поради тоа што ниту една пратеничка група не доставила предлози до претседателот на ова собраниско тело.

Ристана Лалчевска, ќе прима плата уште шест месеци до остварување на право на пензија, како поранешен член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршошната постапка.

Поранешната генерална секретарка на Собранието Цветанка Иванова ќе го оствари правото на отпремнина при заминување во пензија.

На седницата во дебата влегоа Илире Даути и Халил Снопче од Алијанса на Албанците во врска со Комитетот за односи меѓу заедниците. Даути бараше точката да биде ставена прва на дневен ред, а пратениците реагираа оти рокот за доставување предлози бил кус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ