четврток, 31 октомври 2024
Избори

ДИК: До 28 март треба да се утврди редоследот на гласачкото ливче на кандидатите за претседател

Објавено на

часот

Сподели

Вчера кандидатурите ги поднесоа Бујар Османи, Билјана Ванковска и Гордана Силјановска – Давкова, а ден претходно тоа го сторија и Стево Пендаровски, Максим Димитриевски, Стево Јакимовски и Арбен Таравари.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а на нив ќе гласа и дијаспората од 20-тина држави во кои се пријавиле доволен број граѓани. Иселениците нема да гласаат на парламентарните избори затоа што бројот на пријавени граѓани за гласање на овие избори е далеку од потребните 5.355 гласачи.

Најголемите партии од македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавуваат активности за претстојниот викенд. СДСМ во сабота на конгрес ќе ги официјализира кандидатите за пратеници и носителите на листи, а ВМРО-ДПМНЕ, според најавите, се очекува да ја промовира изборната програма.

Во Либерално-демократската партија, како што вчера изјави претседателката Моника Зајкова, веќе е утврдена листата на кандидати за пратеници, а таа ќе се натпреварува во Првата изборна единица која, како што изјави, ќе ја предводи лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Освен Зајкова, од ЛДП на кандидатските листи за пратеници ќе се најдат и генералниот секретар на партијата Боби Мојсоски и д-р Илија Нешковски.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, веќе обелодени дел од кандидатите кои ќе бидат носители на листите во изборните единици. Носител на кандидатската листа во Првата изборна единица ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а во Втората изборна единица потпретседателот на партијата Владо Мисајловски. Во „тројката“ носител на кандидатската листа ќе биде пратеникот Драган Ковачки, во Четвртата изборната единица Александар Николоски, а во Шестата изборна едница листата ќе ја предводи пратеничката и член на Извршниот одбор, Дафина Стојаноска. За носител на листа во изборната единица 5, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се уште немаат одлучено кој ќе биде носител.

Вчера во Скопје беше промовиран и Европскиот фронт меѓу ДУИ и „Движењето на народот“ на Скендер Реџепи. Лидерот на ДУИ Али Ахмети по потпишувањето на коалицискиот договор со „Движењето на народот“ изјави дека продолжуваат да преговораат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување коалициски договор за приклучување на Европскиот фронт.

„Има време, уште сме во преговори и со други партии. Тоа е процес кој е отворен подолго време. Зборуваме со сите и со Алијанса и со Тачи и со Аријанит Хоџа и со Турската партија, со Бошњачката партија, со Ромската партија за да се приклучат на овој фронт“, рече Ахмети.

DUI is holding talks with all political parties outside the ethnic Albanian opposition bloc to invite them to join the party's European Front coalition, DUI leader Ali Ahmeti told a press con

Од коалицијата „Вреди“ каде се обединети партиите од албанската опозиција, го оценија формирањето на Европскиот фронт како очајни потези на ДУИ.

„Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично. Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер, наведоа од коалицијата „Вреди“ во соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ