петок, 18 октомври 2024

Ди Канио го шокира Виган

Објавено на

часот

Сподели

Контроверзниот Италијанец, Паоло Ди Канио, кој е менаџер на четвртолигашот, го одведе Свиндон до сензација во најпопуларното коло во Купот, првото во кое играат и најсилните екипи од Островот. Ди Канио е во почеток на својата менаџерска кариера му го нанесе седмиот пораз во низа на Виган.

Од прволигашите, Болтон се спаси и ќе го повтори дуелот со Маклсфилд играјќи 2-2, а истото сценарио го имаше и Квинс Парк Ренџерс против МК Донс со ремито 1-1. Фулам со хет-трик на Клинт Демпси беше убедлив со Чарлтон 4-0, Тотнем со 3-0 славеше над Челтенам, Евертон со 2-0 против Тамворт, а Њукасл со 2-1 во премиерлигашката пресметка против Блекбурн.

Најспектакуларната рунда во најстарото островско натпреварување ќе кулминира утре со дербито во Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед од 14 часот. Вчера на отворањето на рундата, Ливерпул со 5-1 славеше над Олдам.

Резултати од другите денешни мечеви: Барнсли – Свонси 2-4, Бирмингем – Вулверхемптон, Брајтон – Врексам 1-1, Ковентри – Саутемптон 1-2, Кравли таун – Бристол сити 1-0, Даг енд Ред – Милвол 0-0, Дерби – Кристал палас 1-0, Донкастер – Нотс Каунти 0-2, Флетвуд – Блекпул 1-5, Гилингам – Стоук 1-3, Хул – Ипсвич 3-1, Мидлзбро – Шрусбери 1-0, Норич – Барнли 4-1, Нотингем форест – Лестер 0-0, Ридинг – Стивениџ 0-1, Шефилд јунајтед – Салсбери 3-1, Ватфорд – Брадфорд 4-2, ВБА- Кардиф 4-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ