недела, 20 октомври 2024

Џошуа со технички нокаут го победи Валин, Паркер го изненади Вајлдер

Британскиот боксер, Ентони Џошуа се врати во рингот и имаше спектакуларен меч во Ријад, Саудиска Арабија против Швеѓанецот Ото Валин кој го доби со технички нокаут по пет рунди, Џозеф Паркер го изненади Деонтеј Вајлдер триумфирајќи со едногласна одлука на судиите.
 

Објавено на

часот

Сподели

Џошуа ја оправда улогата на фаворит и ја доби својата трета последователна борба, сега неговиот скор во кариерата е 27-3.

Британецот беше доминантен од почетокот, Валин немаше решение за офанзивата на Џошуа па неговиот тим побара прекин на борбата во петтата рунда откако Швеѓанецот прими повеќе тешки удари.

Клучниот момент од борбата се случи во вториот дел од петтата рунда. Џошуа фантастично го удри Валин со лево кроше и силно го затресе. Швеѓанецот издржа до крајот на овој дел од мечот, но неговиот тим реши да „фрли пешкир“ во паузата меѓу петтата и шестата рунда. Веќе стана јасно дека Валин нема што да бара во овој дуел, продолжение на мечот можеше само дополнително да го загрози неговото здравје.

Вајлдер требаше да го победи Паркер за да обезбеди меч со Џошуа следната година, но тоа не се случи.

Американецот загуби со едногласна одлука на судиите. Ова за Вајлдер беше трет пораз во последните четири борби, преостанатите два се од Тајсон Фјури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ