вторник, 22 октомври 2024

Џорџ Сорос му ја предаде контролата над Фондацијата на својот син Александар

Објавено на

часот

Сподели

Деведесет и двегодишниот Сорос претходно изјави дека не сака неговата Фондација Отворено општество да ја преземе ниту едно од неговите пет деца.

Меѓутоа, Сорос сега го назначи својот син Александар за претседател на една од најбогатите филантропски фондации во светот. „Тој го заслужи тоа“, изјави Сорос, чие лично богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.

Сорос Јуниор (37) рече дека е „пополитички“ ориентиран од својот татко и планира да продолжи да донира семејни пари на левичарските политички кандидати во САД, во интервју за Волстрит журнал.

Неговиот татко е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика.

„Ќе ја удвоиме одбраната на избирачките права и личната слобода дома и поддршката на демократијата во странство“, рече Александар. „Колку и да сакам да извлечам пари од политиката, се додека тоа го прави другата страна, ќе мораме и ние.

Александар, кој претходно оваа недела објави слика на Твитер како позира со американската потпретседателка Камала Харис, сега раководи со политичките активности како претседател на Комитетот за политичка акција на неговиот татко.

Фондацијата, чијшто потпретседател беше Александар од 2017 година, насочува околу 1,5 милијарди долари годишно на групи како оние кои ги поддржуваат човековите права и помагаат во градењето на демократијата.

Александар, кој студирал историја на Универзитетот во Њујорк и докторирал на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, продолжил со сопствените иницијативи, вклучувајќи поддршка за прогресивните еврејски организации, еколошките каузи и работничките права во САД.

„Со моето потекло, имаше многу начини на кои можев да залутам“, рече Александар. „Наместо тоа, станав работохолик, а мојот живот е мојата работа“.

Џорџ Сорос се женеше три пати и има пет деца: Александар, Андреа, Грегори, Роберт и Џонатан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ