сабота, 26 октомври 2024

Деветгодишно девојче е третата жртва на нападот во Саутпорт

Деветгодишно девојче им подлегна на повредите добиени во вчерашниот напад со нож во градот Саутпорт, Англија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Локалната полиција потврди дека деветгодишно девојче е трета жртва на нападот.

Полицијата соопшти дека девојчињата што во понеделникот го загубија животот биле на возраст од шест и седум години.

Во нападот се повредени уште осум деца, од кои пет се во критична состојба.

За живот се борат и двајца возрасни.

Нападот се случи во понеделникот околу пладне, кога напаѓачот со нож влегол на час по танц и јога, на кој присуствувале околу 25 деца на возраст од шест до 11 години.

Напаѓачот набрзо беше уапсен, а полицијата констатираше дека се работи за седумнаесетгодишно момче.

Кај него е пронајден нож со кој е извршено кривичното дело.

Мотивот за нападот засега не е познат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ