петок, 18 октомври 2024

Девет од девет за „спарси“ на домашен терен

Објавено на

часот

Сподели

Дуелот помеѓу С. Антонио и Феникс изобилуваше со жестоку дуели под кошевите

Творци на триумфот на „спарси“, кои, пак, немаат премногу среќа во дуелите како гости (четири порази во исто толку меча), беа ветераните Тим Данкан (24 поени и 11 скока) и Тони Паркер (17 поени и девет асистенции). Дополнителна причина за радост имаше искусниот Данкан, кој успеа да го мине Гери Пејтон на листата на најдобри стрелци на сите времиња и сега со вкупно 21,829 поени е на 26-ти најдобар поентер во историјата на НБА.

Во одлична форма се наоѓаат и кошаркарите на Јута џез, кои беа подобри од Денвер нагетс (96-106), со што дојдоа до осмиот триумф во последните девет меча. Клучни за победата беа 14-те поени на Пол Милсап во последната четвртина од кои осум беа во период од 120 секунди. Милсап мечот го заврши со учинок од 26 поени и 12 скока.

Екипата на Голден стејт вориорс како гостин го совлада Детроит пистонс (99-91), а најзаслужни за тоа беа Дејвид Ли со 24 поени и Монте Елис со 22 поени. За некогашниот шампион тоа беше 10. пораз сезонава.

РЕЗУЛТАТИ: Сан Антонио – Феникс 102-91, Денвер – Јута 96-106, Детроит – Голден Стејт 91-99

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ