четврток, 24 октомври 2024
Огновите не стивнуваат, пожарникарите, полицијата, ЦУК... постојано се на терен

Детски солзи и потресни сцени од пожарите и евакуацијата на жители на село Немањици (ВИДЕО)

Солзи, емоции, страшни пламени јазици кои се шират и за миг прават пепел од се пред себе. Пожарите во државава не стивнуваат, а во моментов најкритично е во селото Немањици во општина Свети Николе. Пожарникарит, полицијата… заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов влегоа во куќите кои беа зафатени од пожар на ова место обидувајќи се на терен да ги евакуираат жителите и да проверат дали некој останал во семејните објекти, бидејќи дел од луѓето не сакале да ги напуштат своите домови во ова место.

Објавено на

часот

Сподели

Тешките и опасни моменти ги пренесе ЦУК со видео. На инсертите се гледа евакуација на луѓе, а меѓу нив и расплакано дете кое го напушта домот и заминуава со возило заедно со екипите кои ги гаснат пожарите и ги евакуираа лицата на безбедно.

Ветерот кој дува на ова место ја отежнува состојбата и ја прави уште поопасна. Во солзи девојчето им кажува на екипите дека само таа е дете во куќата и заминува со екипите на терен.

„Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу. Од страна на пожарникарите се проверуваа и дел од куќите загрозени од пожарот за да се види случајно некој да не останал внатре. На жителите им беше тешко да ги напуштат домовите“, велат од Центарот за управување со кризи од каде заедно со Ангелов постајано се на терен.

Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување во моментов се на терен и дејствуваат на пожарот во Свети Николе, а хеликоптерите се борат со огнот во Старо Нагоричане.

Вчера беше известено и за првата жртва од пожарите. Од задушување во пожар почина маж од Куманово.

Изјавата на директорот Ангелов за состојбата со пожарите влевза надеж, но и ја прикажува реалноста дека состојбата со пожарите не е наивна, а луѓето на терен со сите расположливи ресусрси и нивната човечка моќ се обидуваат да ги изгаснат огновите и да спасат шуми, куќи, луѓе… Вчера во државава имало 46 пожари на отворено и шумски пожари, а 27 од нив се изгаснати, под контрола се ставени пет тешки пожари, а во моментов активни се 14 пожари. Во продолжение е изјавата на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој од терен во текот на целото лето известува за пожарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ