петок, 18 октомври 2024

Десничарите бараат оставка од Рама: Најмалку 13 повредени на демонстрациите на опозицијата во Тирана (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица се повредени во нередите во Тирана за време на демонстрациите на десничарската опозиција која бара оставка од албанскиот премиер Еди Рама.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека најмалку 10 полицајци и тројца од демонстрантите се повредени, пренесе АФП.

На протестот се собраа неколку илјади луѓе на повик на десничарската опозиција.

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, а врз седиштето на Социјалистичката партија на Еди Рама и зградата на Министерство за внатрешни работи фрлија молотови коктели.

Демонстрантите бараат оставка од премиерот и формирање на привремена влада до парламентарните избори закажани за следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ