вторник, 22 октомври 2024

Денеска завршува акцијата за отплата на долговите за вода без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека акцијата за отплата на долговите за вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денеска.

Објавено на

часот

Сподели

„Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20 јуни 2024 заклучно до 31 јули 2024. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање“, наведуваат од Јавното претпријатие.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, се посочува, не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – скопјани може да се јават дежурно информативен центар и на веб-страницата и фејсбук на Јавното претпријатие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ