вторник, 16 јули 2024

Денеска започнува ново судење на Навални, му се закануваат уште 30 години затвор

Објавено на

часот

Сподели

Доколку биде прогласен за виновен, на 47-годишниот Навални, најистакнатиот противник на претседателот Владимир Путин, му се закануваат уште 30 години затвор. Тој веќе отслужува деветгодишна затворска казна, од која досега одлежа повеќе од две години. Вкупно, судството формулираше седум нови обвиненија, вклучително и формирање и финансирање на екстремистичка организација и минимизирање на важноста на нацизмот. Навални ги негира обвинувањата.

Навални, кој е меѓународно најпознатиот руски дисидент, беше отруен со нервен агенс новичок за време на патувањето во Сибир во летото 2020 година. Тој ја обвинува руската домашна тајна служба ФСБ дека стои зад труењето. По лекувањето во Германија, тој се врати во Русија и покрај тоа што му се закануваше затворска казна.

Во меѓувреме, за жалбата на Навални денеска треба да одлучува и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Навални се пожали на судот дека руските власти не покренале истрага за труењето. Со тоа е повредено неговото право на живот и ефективен правен лек, тврди тој. Русија повеќе не ги признава пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Земјата беше исфрлена од Советот на Европа поради војната против Украина. Поради тоа, таа повеќе не е членка на Европската конвенција за човекови права, за чие почитување е надлежен судот. Неколку илјади постапки против Русија се во тек во Стразбур. Советот на Европа, Конвенцијата за човекови права и судот се независни од Европската унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ