вторник, 22 октомври 2024

Денеска средба Ковачевски – Мицкоски за уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

Според владиното соопштение од понеделникот на средбата Ковачевски-Мицкоски ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи. 

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, исто така во понеделникот соопштија дека ставот на партијата е оти уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор.

„Очекуваме Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ. 

Како што најави, во меѓувреме Мицкоски се сретна со пратеничката група и коалицијата, кои потоа излегоа со соопштение реафирмирајќи го ставот дека не поддржуваат уставни измени под овие услови. Беа објавени и фотографии со потписи на сите 44 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. 

Мицкоски синоќа од трибина во Прилеп упати апел за национално единство и обединување, како што рече, „околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани“. Мицкоски рече дека, не постои она што го велат од владата или уставни измени или изолација, туку единствено мора да има зачувување на идентитетот и фер шанса за влез во Европската Унија. 

Предлог-иницијативата за уставни измени е во владина процедура и не се знае кога ќе помине на седница. Откако ќе се случи тоа, иницијативата ќе биде испратена до Собранието со што почнува постапката за измена на Уставот. Во рок од 30 дена, предлогот треба да биде ставен на седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери, неодамна изјави дека тие 30 дена за разгледување на иницијативата од страна на пратениците може да се искористат за политички разговори. 

Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување. 

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. Во Преамбулата после „… бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска. Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во Амандманот 34, кој е заменет со член 49 и Амандманот 2. Во овој Амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот 2, после „… бошњачкиот народ“ исто така се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ