понеделник, 25 ноември 2024

Денеска ќе биде пуштен хидросистемот Ѓавато, полнењето на Дојранското Eзеро треба да се стабилизира

Хидросистемот Ѓавато, со кој Дојранското Езеро се снабдува со вода, денеска ќе биде пуштен во употреба. Како што е најавено, на пуштањето на системот ќе присуствуваат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието Миле Цеков.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов во четвртокот на својот фејсбук профил напиша дека Општината и официјално, преку системот е-Влада, испратила информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот и таа е ставена на дневен ред на седница на Владата.

Тој ги покани граѓаните на најголемата еколошка акција за чистење на крајбрежјето на Дојранското Езеро, која ќе се одржа вчера.

„Да ја покажеме грижата за Дојранското Езеро, а со ова, исто така, да испратиме силна порака до надлежното Министерство за животна средина дека хидросистемот „Ѓавато“ мора да биде пуштен. Се надеваме на позитивен исход и разбирање. Затоа сите заедно, сплотени, без какви било поделби, да го покажеме единството и да испратиме силна порака за нашиот бисер – Дојранското Езеро“, напиша Ангов.

Инаку, градоначалникот на Дојран ја лоцираше одговорноста за нефункционирањето на хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро во Министерството за животна средина и во повеќе наврати испрати барања во кои се наведува итноста од пуштање во употреба на хидросистемот Ѓавато.

Според вчерашните мерења на УХМР, нивото на водата во Дојранското Езеро е 80 сантиметри под договорениот минимум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ