четврток, 24 октомври 2024

Денеска историчарите на Македонија и Бугарија се запознале за прашањата за кои тешко се наоѓа решение

Новиот состав на македонскиот дел од заедничката Комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска во Скопје имаше прва средба со колегите од Бугарија. Од состанокот нема официјално соопштение, но како што дознаваме на првата средба историчарите се запознале и дискутирале за принципите на работа, но и за спорните прашања. Ова беше 32 состанок на членовите на оваа комисија. Разговорите продолжуваат утре.

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќе разговараме околу технички, протоколарни и општи прашања, се запознавме со прашањата за кои тешко се наоѓа решение. Но тоа не значи дека го загубивме денешниот ден. Не знам, уште немаме конкретно мислење. Нека поминат две три средби“, изјави Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим.

Митко Панов, новиот член на Комисијата, изјави дека тој и неговите колеги треба да ја запознаат методологијата и концептот на работа и дека очекува слободно изразување на ставовите на членовите односно на македонската историографија.

Димитров во изјава за бугарските медиуми кажа дека очекува македонскиот тим во комисијата да продолжи со остриот тон на Владата.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ