недела, 20 октомври 2024

Демонстрациите против крајната десница во Минхен прекинати поради премногу учесници

Демонстрациите против екстремната десница организирани денеска во Минхен беа прекинати поради преголемиот број луѓе на улиците, пренесоа агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Организаторите најавија дека на тој протестен марш дошле над 50.000 луѓе, што е двојно повеќе од пријавеното. Според други процени, таа бројка е уште поголема.

Во големите германски градови со денови се организираат демонстрации против екстремната десница, пред сè против сѐ попопуларната Алтернатива за Германија (АфД).

Сè почести се барањата за забрана на работата на партијата, која го користи незадоволството од даночните реформи на актуелната влада за да ја популаризира својата антиимигрантска политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ