вторник, 22 октомври 2024

Делегација на Хамас во посета на Москва, меѓу нив и високиот член Абу Марзук

Делегација на Хамас моментално е во посета на Москва, на разговори за ослободување странски заложници, вклучително и руски државјани, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, без да даде дополнителни детали, пренесе Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Високиот член на Хамас Абу Марзук беше меѓу присутните на разговорите, пренесе ТАСС.

„Со него беа остварени контакти во продолжение на руските напори за итно ослободување на странските заложници во Појасот Газа. Се разговараше и за прашања поврзани со обезбедувањето евакуација на руски и други странски државјани од територијата на палестинската енклава“, соопшти ТАСС, пренесе Ројтерс.

Русија има врски со сите клучни играчи на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Израел, Иран, Палестинската управа и Хамас.

Москва повеќе пати за актуелната криза го обвини неуспехот на американската дипломатија и повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и продолжување на преговорите за изнаоѓање мирно решение.

Хамас објави своја изјава во која ги пофали напорите на рускиот претседател Владимир Путин и Министерството за надворешни работи да стават крај на „злосторствата на Израел поддржани од Западот“, според руската новинска агенција РИА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ